За првпат е издаден „Толковен богословски речник на библиски термини на јакутски јазик“ – известува сајтот на Јакутската епархија на Руската Православна Црква. На овој уникатен проект, чија реализација траеше неколку години, работеа соработници од преведувачкиот оддел на Јакутската епархија.
Библискиот речник содржи 377 речнички статии, кои се резултат на повеќегодишната работа на преводот на книгите од Стариот и Новиот Завет и разработка на библиска терминологија на јакутски јазик.
Ова издание е подготвено по благослов и иницијатива на архиепископот на Јакутск и Ленск Роман. Изданието помина научно рецензирање под покровителство на „Институтот за превод на Библијата“ во Москва со поддршка од властите на Република Саха (Јакутија), и доби печат на „Институтот за хуманистички истражувања и проблеми на корените малубројни народи на Северот“.
Проектот е реализиран во рамките на државната програма на Република Саха (Јакутија) „Зачувување и развој на државните и официјалните јазици на Република Саха (Јакутија)“ на Министерството за култура и духовен развој на Република Саха (Јакутија) со поддршка на „Републичкиот дом на народното творештво и социјално-културните технологии“.
Книгата ќе биде предадена во библиотеките и научните установи на регионот, што ќе им овозможи на оние кои се користат со јакутскиот јазик подлабоко да ги разберат веќе преведените библиски текстови и богослужби и ќе придонесе за ширење на Божјото Слово меѓу кореното население на Јакутија. Ова претставува приоритетна задача на Јакутската епархија.
