Израелската полиција ја забрани прославата на Преображението Господово на гората Тавор, поради тоа што организаторите не обезбедиле гаранции за безбедноста на настанот, кој требаше да се одржи на врвот на гората Тавор.
Полицијата соопшти дека причината за забраната е „неспособноста на разни институции да се усогласат со неопходните услови за одржување и безбедност на манифестацијата“.
Дополнителна причина беше и оставката на претставник на Министерството за внатрешни работи, кој бил одговорен за одржувањето на прославата.
Преображението Господово е еден од најважните христијански празници, а прославите традиционално се одржуваат секоја година на гората Тавор, каде што учествуваат и до 10.000 христијани.
Извор: https://orthodoxia.info/news/astynomia-israil-apagoreyse-ton/
