Локалното прогласување на канонизацијата на свети Думитру Станилое се одржа во саботата, на 4 октомври 2025 година во манастирот Черника, во близина на Букурешт.
Денот започна со Акатистот на свети Думитру Станилое, по што следеа Третиот и Шестиот час. Во 9:00 часот беше отслужена Божествената Литургија во храмот на Свети Никола на островот на манастирот Черника.
Божествената Литургија беше отслужена од повеќе архијереи на Романската Православна Црква, меѓу кои: Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Теофан на Молдавија и Буковина; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Лаврентиј на Трансилванија; Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Касијан на Долниот Дунав; како и викарни епископи на Романскиот Патријарј: Варлаам Плоештенски и Паисиј Синајски, заедно со Неговото Преосвештенство Тимотеј на Прахова, помошен епископ на Архиепископијата на Букурешт.
Беседа ја одржа Неговото Блаженство Патријархот Даниел, кој во четвртокот го благослови кивотот подготвен за моштите на светецот.
Во петок моштите беа свечено пренесени во манастирот Черника, каде помошниот епископ Тимотеј од Прахова ја истакна длабоката духовна врска меѓу свети Думитру Станилое и монашкото братство од Черника.
Свети Думитру Станилое беше канонизиран од Светиот Синод на Романската Православна Црква во 2024 година, а денот на неговото празнување е 4 октомври.
Во чест на првото официјално празнување на светецот и на локалното прогласување на неговата канонизација, Информативната агенција „Базилика“ организираше изложба на отворено со фотографии под наслов „Черника – меѓу земјата и небото“.

Извор: https://basilica.ro/en/saint-dumitru-staniloae-local-canonisation-cernica/
