На 11 и 12 јули 2024 година се одржа заседание на Светиот Синод на Романската Патријаршија. Синодот одлучи да се канонизираат 16 романски светители, за кои ќе бидат изготвени соодветни богослужбени текстови.
Новите 16 светители се луѓе кои го дале своето сведоштво за Христа, во време и во средина кои биле непријателски расположени кон верата во Бога. Во своето обраќање , Романскиот Патријарх Даниел истакна: „Многу е значајно, на особен начин, да ги чествуваме тие исповедници и свештеници од периодот на комунистичкиот прогон во тешките моменти на 20 век“.
Овие се новообјавените Божји светители:
- Свети исповедник Софијан (Богиу), игумен на манастирот „Антим“. Неговиот спомен ќе се празнува на 16 септември.
- Свети Димитриј Станилоае Исповедник, професор по догматски богословие во Сибиу и во Букурешт. Неговиот спомен ќе се празнува на 4 октомври.
- Свети свештеномаченик Константин Сарбу. Неговиот спомен ќе се празнува на 23 октомври.
- Свети Арсениј Бока од Прислоп, Исповедник. Неговиот спомен ќе се празнува на 28 ноември.
- Свети Илија Лакатушу, презвитер и Исповедник. Неговиот спомен ќе се празнува на 22 јули.
- Свети Паисиј Олару, духовник во манастирот „Сихастриа“. Неговиот спомен ќе се празнува на 2 декември.
- Преподобен Клеопа Илие, игумен на манастирот „Сихастриа“. Неговиот спомен ќе се празнува на 2 декември.
- Преподобен Дометиј Манолаче Милостив, од Рамет. Неговиот спомен ќе се празнува на 6 јули.
- Преподобен Серафим Попеску,Трпелив, игумен на манастирот „Самбата де Сус“. Неговиот спомен ќе се празнува на 20 декември.
- Свети Галактион Мунтенау од Клуж, професор по богословие во Клуж-Напоча. Неговиот спомен ќе се празнува на 8 март.
- Свети свештеномаченик Герасим Иску, игумен на манастирот „Тисмана“. Неговиот спомен ќе се празнува на 26 декември.
- Преподобен Висарион Тоја, игумен на манастирот „Лаиници“. Неговиот спомен ќе се празнува на 10 ноември.
- Преподобен Калистрат Боби од Тимишени и Василева. Неговиот спомен ќе се празнува на 10 мај.
- Свети Иларион Цела, професор по богословие во Арад. Неговиот спомен ќе се празнува на 18 септември.
- Свети Ираклиј Флоцеа од Бесарабија, егзарх на манастирите на Кисијанската Архиепископија. Неговиот спомен ќе се празнува на 3 август.
- Свети Александар Балтага од Бесарабија. Неговиот спомен ќе се празнува на 8 август.
Извор: https://basilica.ro/comunicat-sinodul-bisericii-ortodoxe-romane-a-aprobat-16-canonizari/