Кипарската Црква ќе ги поддржи семејствата со три или повеќе деца

Црквата на Кипар наскоро ќе објави програма за материјална поддршка на семејства со три или повеќе деца, како поддршка на напорите на државата за демографско заздравување, според известувањето на кипарските медиуми.

Во моментов, Кипар има наталитет од 1,4%, додека за природна замена на населението на секои 25 години е потребен минимум од 2,1%. Овој проблем веќе го призна и претседателот Никос Христодулидис, кој на 11 мај, за време на прославата на Денот на мајките со многудетни семејства, најави нови мерки за справување со кризата.

Според информации на кипарскиот медиум „Филњуз“, и Архиепископот Кипарски Георгиј одамна е загрижен за демографската состојба, и подготвува долгорочна поддршка за ваквите семејства преку Црквата.

Иако сите детали од програмата сè уште не се објавени, познато е дека за да добијат поддршка, семејствата ќе треба да исполнуваат три критериуми:

  1. Барем еден родител да има кипарско државјанство
  2. Барем еден родител да биде православен христијанин
  3. Детето што ќе ја добие поддршката да биде крстено

Износот на помошта ќе се одредува врз основа на специфичните потреби на семејствата.

Слични иницијативи Црквата спроведе и во Грузија, каде што Грузискиот Патријарх Илија II во јануари 2008 година започна програма според која лично станува кум на секое трето и следно дете во православни семејства. На тој начин стана кум на над 48.000 деца.

Извор: https://www.philenews.com/oikonomia/kypros/article/1583597/anigi-ta-tamia-o-archiepiskopos-erchete-to-epidoma-gia-triteknous/ преку: https://orthochristian.com/169790.html