На 6 јули 2024 година, Кипарскиот Архиепископ Георгиј беше во посета на Фанар (седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул). Во претходните денови тој предводеше група верници од Кипар, кои беа на поклоничко патување во Кападокија.
Во Фанар го пречека патријаршискиот намесник, Деркискиот митрополит Апостолос. Тој го заменува Цариградскиот патријарх Вартоломеј, кој се наоѓа во посета на Римокатоличката епархија на Ивеа во северна Италија. Митрополитот Апостолос им посака срдечно добродојде на гостите. Истиот ден, Архиепископот Георгиј беше поканет на трпеза.