Во четвртокот навечер, 25 октомври / 7 ноември 2024 година, Блаженејшиот Патријарх Ерусалимски г.г. Теофил, заедно со придружба од Отците на Светиот Гроб, учествуваше на состанок на Поглаварите на трите главни поклонички заедници, кој се одржа во Манастирот на Кустодијата на Светата Земја – Францисканците, за информирање од стручни лица за текот на конзерваторските работи, односно: зацврстувањето на темелите и столбовите, поправката и одржувањето на камењата и на канализацискиот, електричниот и хидрауличниот систем во просториите околу Ротондата, Симнувањето од Крстот и Портата на храмот на Воскресението во Ерусалим – известува канцеларијата на Ерусалимската патријаршија.
Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/συντηρητικαι-εργασιαι-εισ-το-ναον-τησ/