Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Архиепископот Новограчанички и Митрополит на Средно-западноамерикански г. Лонгин на Српската православна црква, професионалниот кошаркар на екипата „Чикаго Булс“, Никола Вучевиќ, ќе одржи едукативен говор за младите во црковната заедница на храмот „Свети Стефан Дечански“, во Чикаго, САД – известува сајтот на Митрополијата Новограчаничка и Средно-западноамерканска на Српската православна црква.
Во известувањето се вели дека: „Никола ќе сподели сознанија за тоа како православната вера го обликувала неговиот личен и професионален живот, нудејќи единствена перспектива за балансирање на спортската кариера на високо ниво со духовниот раст. Овој инспиративен настан е прекрасна можност да се научи од успешен спортист кој останува длабоко поврзан со својата вера.“
Настанот е во организација на младинското одделение на епархијата и на храмот „Свети Стеван Дечански“ каде што и ќе се одржи овој настан во недела, на 22 септември годинава, во 13 часот.