Официјалната интернет страница на Православната црква на Албанија, на 10 јануари 2025 година го објави медицинското соопштение од Атинската болница каде што се лекува Неговото Блаженство Архиепископот Тирански и на цела Албанија г.г. Анастасиј.
Во соопштението читаме:
„Здравствената состојба на Блаженејшиот Архиепископ на Албанија г.г. Анастасиј значително се влоши, поради што беше префрлен на Одделот за интензивна нега, каде што е приклучен на респиратор.“
Претходно известивме дека откако беше погоден од сезонски вирус и хоспитализиран во Тирана, Архиепископот Анастасиј беше итно пренесен со грчки воен авион на лекување во Атина.
Во последните неколку денови, во јавноста беа објавени неколку соопштенија за здравствената состојба на Архиепископот Анастасиј, која што беше оценета како „критична“.
Неколку претстоители на помесни Православни Цркви јавно ја изразија својата молитвена поддршка за поправање на здравствената состојба на Албанскиот Архиепископ.
Извор: https://orthodoxalbania.org/2020/el/2025/01/10/ιατρικο-ανακοινωθεν/