Крштенија, миропомазанија и огласени ширум САД

Парохиите низ Америка, од различни јурисдикции, продолжуваат да бележат брз раст, со нови огласени, новокрстени православни христијани и бројни катихетски групи.

На 12 септември, девет лица беа примени во светото Православие во црквата „Св. Инокентиј“ во Мејкон, Џорџија, која е дел од Православната Црква во Америка. Осуммина беа примени преку Крштение, а еден преку Миропомазание.  Следниот ден, 13 септември, седум лица беа миропомазани и примени во Православната Црква во црквата „Христос Спасител“ во Харисбург, Пенсилванија, исто така при Православната Црква во Америка.  

Црквата „Св. Павле“ во Ирвајн, Калифорнија, при Цариградската Патријрашија го одржа својот прв катихетски час „101 – Вовед во православното христијанство“ на 18 септември, на кој присуствуваа повеќе од 200 лица, и во живо и онлајн.

На 19 септември, 16 лица беа крстени во црквата „Сите Свети“ во Роли, Северна Каролина која припаѓа на Антиохиската Патријаршија.

Следниот ден, на 20 септември, пет лица беа примени во Црквата преку Крштение во храмот „Воскресение Христово“ во Лебанон, Пенсилванија, при Српската Православна Црква.

Во храмот „Богојавление“ во Колорадо Спрингс, која е дел од Православната Црква во Америка, во текот на август и септември уште 27 лица станале огласени.

Извор: https://orthochristian.com/180340.html