Kрштевање на 33 лица во Пакистан

На 19 март 2026 година, раководителот на мисионерскиот оддел на Ставрополската епархија на Руската Православна Црква, свештеникот Антониј Скриников, изврши крштевање на 33 лица во пакистанскиот град Фајсалабад.

Отец Антониј се наоѓа на патување со благослов на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Ставрополски и Невиномиски Кирил, и по покана на православниот свештеник, отец Павле Сушил.

Отец Павле е единствениот православен свештеник на Руската Православна Црква во таа земја.

Светата Тајна Крштение беше извршена во храмот „Свети Никола“.

По извршувањето на Крштението, отец Антониј им се обрати на присутните со пастирско слово и на секој парохијанин му подари по една икона и слатко од Русија.

На парохијата ѝ беа подарени богослужбени предмети, набавени со лични средства на митрополитот Ставрополски и Невиномиски Кирил – известува Ставрополската митрополија.

Извор: https://stavropol-eparhia.ru/rukovoditel-missionerskogo-otdela-eparxii-sovershil-kreshhenie-33-x-chelovek-v-pakistane/