Крштевка на 32 нови верници во Кенија

На 15 август 2024 година, на денот на празнувањето на преносот на моштите на првомаченикот архиѓакон Стефан од Ерусалим во Константинопол, Патријаршискиот егзарх на Африка на Руската православна црква, Митрополитот Зарајски г. Константин, отслужи Божествена Литургија во парохијата „Свети апостол Јаков брат Господов“, во с. Кајруне (округ Меру) во Кенија.

На Литургијата сослужуваа претседателот на Мисионерскиот оддел на Патријаршискиот егзархат на Африка, свештеник Георгиј Максимов, парохискиот свештеник на црковниот округ Меру, отец Теоклит Китинџи, и сите клирици од округот.

По завршувањето на богослужбата, владиката подари за храмот икона на Христа Спасителот. Исто така, сите присутни добија крстови и икони.

Потоа владиката ги освети марамите на учесничките во Сојузот на православните мајки и ги благослови сите за добри дела.

Учениците од неделното училиште одржаа мал концерт по повод посетата на високите гости.

По литургијата, Митрополит Константин ја изврши светата тајна Крштение на 32 жители. Тие се подготвуваа за крштение под раководство на локалното духовенство.

Исто така, во овие денови, епископот посети неколку парохии во округот Меру: „Преподобен Серапион Кожезерски“, „Светиот Тихон патријарх Московски и на цела Рус“, „Свети Макариј“, „Свети апостол Јован Богослов“ и „Преподобен Јован Лествичник“.

Групата беше придружувана од парохискиот свештеник Теоклит Китинџи.

Митрополит Константин одржа архипастирска беседа, разговараше со свештенството и со верниците. На сите им беа поделени подароци како молитвено сеќавање, информира веб-страницата на Патријаршискиот егзархат на Африка.

Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/patriarshij-ekzarh-afriki-sovershil-kreshhenie-32-zhitelej-kenijskogo-meru/