Крстопоклона недела во Ерусалим

На третата недела од Великиот пост, Крстопоклона, на 10/23 март 2025 година, Ерусалимската патријаршија го прослави празникот на поклонението на чесниот Крст, за со неговата сила да можеме да го продолжиме подвигот на постот за достојно пречекување на светата Пасха.

Овој празник, кој се наоѓа на средината од светата и велика Четириесетница, беше прославен на местото каде што стоеле пречистите нозе на Господ и каде што беше пролеана Неговата чесна Крв за спасението на светот. Богослужбата ја предводеше Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил, во Светиот Храм на Воскресението, согласно утврдените ред и типик на Патријаршијата, со свечена служба на Вечерна во Католиконот и со света Литургија на Светиот Гроб Господов.

На Патријархот му сослужуваа повеќе архијереи од Ерусалимската патријаршија, како и свештеници претставници на Руската и Романската Патријаршија. Присуствуваше и Генералниот конзул на Грција во Ерусалим, г. Димитриос Ангелосопулос, со своите соработници, како и многубројни верници и поклоници.

Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/leitourgiki-zoi/η-κυριακη-τησ-σταυροπροσκυνησεωσ-εισ-9/