Летонската православна црква го прослави 90-годишниот јубилеј на свети Јован Рижски

Летонската православна црква го прослави 90-годишниот јубилеј од мачеништвото на својот сакан светец, свештеномаченикот Јован Рижски.

Во петок вечерта, на 11 октомври, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Александар Рижски и на цела Летонија и неговите викарни епископи отслужија Сеноќно бдение во храмот „Рождество Христово“, во Рига.

Пред почетокот на службите, во центарот на црквата беше поставен кивот кој содржи крв, внимателно собрана пред 90 години на местото на мачеништвото на светецот. Овој кивот се чува во олтарот на страничниот параклис на храмот и се изнесува за поклонување на верниците на празничните денови на светиот маченик Јован од Рига.

Свети Јован бил брутално измачуван и на крајот застрелан и запален додека сè уште бил жив, во ноќта на 12 октомври 1934 година. Никој не знае кој точно го убил саканиот Архиепископ.

Следното утро, архијереите отслужија Божествена Литургија за празникот на свети Јован Рижски во истиот храм.

На службата присуствуваа поклоници од цела Летонија кои дојдоа да го прослават својот голем застапник. Службата беше отслужена на летонски и црковнословенски јазик.

На крајот на Литургијата беше отслужен молебен кон свети Јован, и се одржа литија со крвта на свештеномаченикот.

Во својата проповед, Митрополитот Александар ги повика верниците да му се обратат на свети Јован во молитва, бидејќи е познато дека прави многу чуда. По проповедта, верниците имаа можност да им се поклонат на светите мошти на свештеномаченикот.

Во јули 2023 година, Летонската црква црква ја прослави 20-годишнината од наоѓањето на моштите на свети Јован.

Извор: http://www.pareizticiba.lv/index.php?newid=10375&id=6