Литија за семејството во Бугарската престолнина

На 13 јуни 2026 година, сабота, во Софија и оваа година ќе се одржи литија за семејството. Настанот се организира по иницијатива на невладини организации, со поддршка на Софиската света митрополија.

Пред почетокот на литијата, од 17:00 часот, во митрополитскиот катедрален храм „Света великомаченица Недела“, Неговата Светост Софискиот митрополит и Бугарски патријарх Даниил ќе отслужи вечерна богослужба со молебен за семејството.

Од 18:00 часот, литијата за семејството ќе започне од храмот „Света великомаченица Недела“ и ќе се упати кон плоштадот „Свети Александар Невски“, каде што ќе биде организирана музичка програма и ќе бидат поставени штандови со православна литература.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/shestvie-za-semeystvoto-shte-se-provede-v-stolitsata