На 19 декември, во денот на споменот на свети Николај, архиепископ Мирликиски, чудотворец, со благослов на Светејшиот Патријарх Московски и на сета Рус г.г. Кирил, патријаршискиот егзарх за Западна Европа на Руската православна црква, митрополитот Корсунски и Западноевропски г. Нестор, отслужи Божествена Литургија во базиликата „Свети Николај“ во градот Бари, во Италија, каде што се наоѓаат светите мошти на овој Божји угодник.
На Високопреосвештениот Владика му сослужуваа викарот на патријаршискиот егзарх за Западна Европа, епископот Богородски г. Амвросиј, настојателот на патријаршиското подворје на Свети Николај во Бари и четириесет свештенослужители од Русија, Украина, Белорусија, Грузија, Молдавија, Полска, Бугарија, Словачка и Италија.
Богослужението се одржа на црковнословенски, молдавски и италијански јазик.
На службата присуствуваа вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Италија и Сан Марино, г. Алексеј Владимирович Парамонов, почесниот конзул на Русија во Апулија, г. Микеле Болетиери, и почесниот конзул на Белорусија во Апулија, г. Алесандро Адриани.
За време на богослужението, се молеа парохијани, вработени, ученици од училиштата на патријаршиското подворје и бројни поклоници. Голем дел од поклониците пристапија кон Светите Дарови.
По завршувањето на Литургијата, поклониците беа поздравени од Високопреосвештениот митрополит Нестор. Со зборови на благодарност, архипастирот му се обрати на настојателот на базиликата, падре Џовани Дистанте, изразувајќи благодарност за можноста да се отслужуваат православни богослуженија пред моштите на еден од највозљубените светители на нашиот народ.
Потоа, во криптата на базиликата, пред чудотворните мошти на Свети Николај, архиепископ Мирликиски, светител Христов, архипастирите заедно со сослужувачкото свештенство отслужија молебен за големиот Божји угодник.






