Малави: Десетици лица од народот Чева го примија Православието преку Свето Крштение

Повеќе од триесет души се соединија со Христос преку Светото Крштение во Малави, Африка, во пресрет на Воскресението Христово.

Во периодот од Велики Петок, 18 април, до Светлото Христово Воскресение, 20 април, старешината на парохиите на Африканскиот Егзархат на Руската Православна Црква во Малави, јереј Јоаким Бакали, ја посети парохијата на Светиот Апостол Тома во округот Нкотакота.

На Велика Сабота, 19 април, свештеникот крсти 40 лица од етничката група Чева, кои претходно поминале катихизиска подготовка, соопштува Егзархатот.

На празникот на Светлото Христово Воскресение, новопросветлените за првпат ги примија Светите Тајни.

Минатиот април, околу 1.000 жители на Малави беа крстени во текот на една недела. Во исто време, Катихизисот на свети Николај (Велимировиќ) беше објавен на јазикот чева, во превод на ѓаконот Сава Кајава, и дистрибуиран меѓу верниците во Малави.

Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/v-velikuyu-subbotu-v-malavi-kreshheny-40-predstavitelej-naroda-cheva/