Манастирот „Свети Тихон“, од Православната црква во Америка, неодамна објави кратко видео во кое ги прикажува местото на манастирот и животот на уметничкото образование што го нудат во нивните музички и иконографски програми.
„Бидејќи уметностите се витален дел од нашата православна вера, манастирот им нуди уникатни резиденции за православните уметници, за да го продлабочат својот живот во верата додека ги усовршуваат своите уметнички вештини. Православните музичари и уметници имаат можност да дојдат во манастирот, да живеат и да учат црковна музика и иконографија, имајќи за учители професионални музичари и ценети иконографи“ – се вели во објавата на официјалната веб страница на Православната црква во Америка, каде исто така се наведени и локациите каде може да се аплицира за престој.
Манастирот „Свети Тихон“ е најстариот православен манастир во САД, основан од Свети Тихон Московски во 1905 година, а посветен на Свети Тихон Задонски. Се наоѓа во Јужен Канаан, Пенсилванија.