Православното христијанство веќе подолго време бележи значителен раст низ Африка, а во последните години и западниот свет сведочи за силен бран на обраќања кон Православието, особено по пандемијата на Ковид-19.
Изминатите недели донесоа нови докази за ова глобално ширење, со групни крштевки одржани во Брегот на Слоновата Коска, Соединетите Американски Држави и Шведска.
Во саботата, на 10 јануари, 33 огласени беа крстени и миропомазани во Брегот на Слоновата Коска, под пастирска грижа на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Акрашки Даниил од Александриската Патријаршија, јавува „Ортодоксија пост“.
Новоосветлените верници, кои поминале низ повеќемесечна систематска катихеза и духовна подготовка, беа примени во Црквата во парохиите во Буфле и Синфра. Светите Тајни ги извршија повеќе клирици вклучени во мисионерската дејност на Патријаршијата во овој регион.
Следниот ден, на 11 јануари, во храмот „Сите Свети“ на Антиохиската Православна Црква во Рали, Северна Каролина, САД, беа крстени 32 лица — мажи, жени и деца.
„Православие.ру“ уште во септември извести дека оваа парохија запишала 50 нови огласени, со што вкупниот број на оние кои тогаш се подготвувале за крштение надмина 160.
Исто така, во текот на јануари, групна крштевка беше извршено и во Романската Црква Шведска, каде што повеќе од десетина мажи, жени и деца беа примени во Православие.
Овие настани уште еднаш го потврдуваат живиот и растечки интерес за Православието на глобално ниво.














