Од 3 до 5 декември 2025 година Патријаршискиот егзарх на Африка на Руската Православна Црква, митрополитот Каирски и Северноафрикански Константин, го посети Тунис за да учествува на Меѓународната конференција „Завршување на глобализмот и иднината на светот – значењата и вредностите на претстојната епоха“, организирана од Меѓународната фондација за духовно единство на народите – известува веб-страницата на Егзархатот.
На 4 декември, на празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица, митрополитот Константин отслужи Божествена Литургија во храмот „Воскресение Христово“ во градот Тунис. На архиерејот му сослужуваа: претставникот на Православната Црква на Чешките Земји и Словачка при Московската патријаршија – архимандрит Серафим (Шемјатовски), настојателот на храмот на апостол Филип во Шарџа (Обединети Арапски Емирати) – архимандрит Александар (Заркешев), настојателот на храмот „Свети Николај Чудотворец“ во Техеран (Иран) – игумен Варлаам (Дулски), настојателот на Воскресенскиот храм во Тунис – протојереј Димитриј Нецветајев, настојателот на Сергиевскиот катедрален храм во Јоханесбург (Јужноафриканска Република) – протојереј Даниил Луговој, настојателот на Воскресенскиот храм во Рабат (Мароко) – протојереј Максим Масалитин, настојателот на Преображенскиот храм во Порт-Луи (Маврициус) – протојереј Димитриј Матиенко, проректорот на Ташкентската духовна семинарија (Узбекистан) – протојереј Сергиј Стаценко, протојереј Дарко Ѓого од Српската Православна Црква, претседателот на Мисионерскиот оддел на Патријаршискиот егзархат на Африка – свештеник Георгиј Максимов и советник-асистентот на надлежниот архиереј на Будимпештанско-Унгарската епархија – свештеникот Светослав Булах.
На богослужбата присуствуваа директорот на Меѓународната фондација за духовно единство на народите, професор В. А. Алексеев, заменик-претседателот на Парламентот на Република Србија, Јован Јањиќ, парохјани на храмот и учесници на конференцијата.










Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/sostoyalas-poezdka-patriarshego-ekzarha-afriki-v-tunis/
