Меѓународна Литургија за време на младинската средба во Полска

Третата Меѓународна средба на православната младина „Супрасл“ се одржа од 1 до 7 јули 2024 година во Супрасл (Полска). Во неа зедоа учество православни младинци од 25 земји. Важен момент од средбата беше Литургијата, отслужена ноќта во петок кон сабота (6 јули). Молитвите и песните се пееја на повеќе јазици: англиски, црковнословенски, арапски, фински, норвешки, полски, холандски и француски. Проповедта, по читање на Евангелието, ја произнесе отец Серафим Махул од Либан.

Извор: https://orthodoxia.pl/miedzynarodowa-liturgia-na-spotkaniu-mlodziezy-w-supraslu/