Настојателот на Успенската Светогорска лавра, митрополитот Свјатогорски Арсениј од Украинската Православна Црква, и понатаму се наоѓа во истражниот затвор, иако судот не донел одлука за продолжување на мерката притвор. За тоа извести веб-страницата на Свјатогорската лавра, а пренесува официјалната страница на Украинската Православна Црква.
Митрополитот Арсениј се наоѓа во истражен затвор од 25 април 2024 година. Од тогаш, ова е вторпат настојателот на Свјатогорската лавра да биде во притвор без формално правна основа – минатото лето беше задржан во изолација 17 дена без судска одлука.
Братството на Свјатогорската лавра повикува на молитви за затворениот митрополит Арсениј.
