Митрополит Лонгин од Украинската православна црква хоспитализиран за време на судско рочиште

Неговото Високопреосвештенство Митрополит Банченски г. Лонгин од Украинската православна црква повторно беше хоспитализиран на 30 октомври 2024 година, за време на судското рочиште.

Кога му се слоши, Митрополитот Лонгин побара пауза на судењето до следниот ден, но судијата го одби ова барање.

Како и многу други архијереи и свештеници на Украинската православна црква, Митрополитот Лонгин се соочува со лажни обвиненија за „поттикнување верска омраза”. Иако од државата Украина е одликуван како „Херој на Украина“ за посвојувањето на стотици сирачиња, државата сега го смета за непријател бидејќи цврсто останува во Украинската православната црква.

Неговото Високопреосвештенство претрпе неколку сериозни здравствени инциденти откако државата започнала кампања против него. Тој претрпе мозочен удар минатиот јули, а во декември бил примен во болница со атријална фибрилација, по што бил подложен на операција на срцето. Подоцна истиот месец, неговиот автомобил бил неоправдано задржан и тој претрпе срцева аритмија поради стресот.

Неговото Високопреосвештенство беше физички нападнат во својот дом кон крајот на јануари и мораше да биде подложен на итна операција на окото.

Во февруари, тој беше подложен на уште една срцева процедура. Во август, беше примен во единицата за интензивна нега по сообраќајна несреќа.

А за време на неговата судска седница на 30 октомври, непоколебливиот архијереј видливо се разболе и мораше да биде однесен во болница со амбулантно возило, известува Банченскиот манастир „Вознесение Христово“.

❗️Результат сегодняшнего судебного заседания над Митрополитом Лонгиным 30.10.2024❗️Результат сегодняшнего судебного заседания над Митрополитом Лонгиным 30.10.2024

Извор: https://www.facebook.com/@manastirea.banceni.ucraina/ преку: https://orthochristian.com/164245.html