Митрополит Тихон од Православната Црква во Америка присуствуваше на погребот на Претседателот Џими Картер

На 9 јануари 2025 година, Неговото Блаженство Архиепископот Вашингтонски и Митрополит на сета Америка и Канада г.г. Тихон, Претстоителот на Православната Црква во Америка, им се придружи на граѓанските и религиозни лидерите во Националната катедрала во Вашингтон, САД, за да му оддаде чест на покојниот Претседател на САД Џејмс Ерл Картер Помладиот. 

39-от Претседател на Соединетите Американски Држави почина на 29 декември 2024 година, на возраст од 100 години, во Плејнс, Џорџија, станувајќи најдолговечниот претседател во историјата на САД. 

Неговото Блаженство учествуваше во процесијата и беше сместен во светилиштето заедно со други религиозни лидери. Со Митрополит Тихон присуствуваше и архимандрит Алесандро Маргеритино, вршител на должноста канцелар и секретар на Православната Црква во Америка. 

Телото на покојниот претседател беше пречекано со церемонија во катедралата околу 10:00 часот наутро, по што започна погребната служба и беа одржани неколку говори, меѓу кои и еден од актуелниот претседател, Џозеф Бајден. Присутни беа и новоизбраниот претседател Доналд Трамп, поранешните претседатели Барак Обама, Џорџ Буш, Бил Клинтон, како и Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутерес.

Извор: https://www.oca.org/news/headline-news/his-beatitude-metropolitan-tikhon-attends-funeral-for-president-jimmy-carter