На 23 октомври 2025 година, Апелациониот суд во Днепар, Украина донесе одлука намесникот на Свјатогорската Лавра, митрополитот Арсениј, да биде ослободен од притвор, под кауција. Судиите решија да го ослободат митрополитот под кауција од околу 30.000 евра. Тие долго се двоумеа пред да изречат таква пресуда, но здравствената состојба на архиерејот толку многу се влоши, што дури и претставниците на украинското правосудство разбраа дека тој може да умре во затвор. За луѓето кои помогнаа да се собере сумата за кауцијата, митрополит Арсениј е повеќе од име. Тој е духовен отец, молитвен човек, личност што направи многу за подигањето на Свјатогорската обител од урнатини и заборав. Во понеделник, на 27 октомври 2025 година, овие луѓе ја платија потребната сума, исполнувајќи го сето она што го бара законот во вакви случаи.
А потоа, следниот ден, на 28 октомври, митрополитот беше ослободен. Но само неколку секунди подоцна беше опколен од агенти на Украинската служба за безбедност.
Архијерејот немаше ниту пари ниту телефон со себе; не го дочекаа ниту духовните чеда, ниту братството на манастирот; првото нешто што го виде по неделите поминати во ќелија, беше повторно службен автомобил и припадници на безбедносните служби – се вели во известувањето на украинските црковни медиуми.
Митрополитот веднаш беше однесен кај инспекторот на Украинската служба за безбедност за Донецката и Луганската област. Така заврши неговото кратко ослободување, кое траеше помалку од една минута. Новото приведување е оправдано со тврдењето дека „осомничениот може да побегне“.
Извор: https://uoj.news/en/news/85516-the-met-arseniy-case-freedom-as-captivity
