Митрополитот Черкаски Теодосиј хоспитализиран во критична состојба

Се појавија нови информации во врска со итната хоспитализација на митрополитот Черкаски и Каневски Теодосиј од Украинската Православна Црква на 28 ноември годинава.

Имено, станаа познати детали за здравствената состојба на митрополитот Теодосиј и можните причини за неговата критична состојба. Како што информираат извори на Сојузот на православни журналисти, има основи да се тврди дека владиката бил отруен.

Од Черкаската епархија изјавија дека пред нешто повеќе од еден месец кај владиката се појавиле знаци на необична слабост. Тоа не било ниту манифестација на хипертензивна болест, ниту на срцеви заболувања, од кои архијерејот страда многу години. Во тој период митрополитот често имал покачена температура, се појавувале нагли скокови на притисокот – од многу високи вредности до критично ниски. Состојбата останувала постојано тешка, поради што владиката бил приморан да откаже или да презакаже низа богослужби и настани.

Оваа недела состојбата на митрополитот нагло се влошила, а проширената мрежа анализи покажала зголемување на повеќе показатели за 10–15 пати во споредба со нормата. По инсистирање на лекарите следувала итна хоспитализација. Според лекарите, во текот на дијагностиката и лекувањето ќе биде спроведено широко истражување за присуство на отровни супстанции во организмот на архиерејот.

Извори на Сојузот на православни журналисти информираат дека владиката Теодосиј бил отруен, најверојатно, со тешки метали. „Интоксикацијата и понатаму е силна, состојбата засега е релативно стабилна, но владиката останува во болница“ – истакнуваат соговорниците на изданието. Според нив, испитувањата за отрови може да траат околу еден месец.

Во епархијата изразија благодарност до верниците за поддршката и побараа да не ги запираат молитвите за здравјето на владиката Теодосиј.

Извор: https://spzh.eu/ru/news/89299-mitropolita-cherkasskoho-feodosija-otravili-istochnik