Митрополитот Иларион (Алфеев) привремено отстранет од управувањето со Будимпештанско-унгарската епархија

Фотографија: magyarortodox.hu

Официјалниот сајт на Руската православна црква извести дека е формирана комисија за проучување на состојбата во Будимпештанско-унгарската епархија.

Во известувањето се вели:

На 25 јули 2024 година, учесниците на заседанието на Светиот архијерејски синод на Руската православна црква ја разгледуваа состојбата на Будимпештанско-унгарската епархија (журнал бр. 78).

Светиот синод одлучи да формира комисија за проучување на состојбите во Будимпештанско-унгарската епархија и привремено да го отстрани митрополитот Будимпештанско-унгарски Иларион од управувањето со Будимпештанско-унгарската епархија додека трае работата на комисијата.

Привремената управа на Будимпештанско-унгарската епархија му е доверена на патријаршискиот егзарх на Западна Европа, Митрополитот Корсунски и Западноевропски Нестор.

Митрополитот Иларион, исто така, беше разрешен од функциите Претседател на Синодската библиско-богословска комисија и Претседател на комисијата за теологија и богословско образование при Меѓусоборното присуство. За вршител на должноста Претседател на двете комисии е назначен епископот Егориевски Методиј, кој со истата одлука на Светиот синод е вклучен во составот на Меѓусоборното присуство.

Ова следува откако во јавноста излезе случајот со крупна кражба од Унгарската епархија за која беше обвинет ипоѓаконот Георгиј Сузики, кој потоа до медиумите достави видео и аудио снимки од својот престој во близината на Митрополитот Иларион, кого го обвини за вознемирување. Владиката Иларион тогаш изјави дека се работи за уцена и изнуда, и дека е подготвен на суд да ги оспори обвинувањата против него.

Извор: http://www.patriarchia.ru/db/text/6146428.html