Митрополитот Каирски Константин крсти 40 луѓе во Кенија, уште 300 се подготвуваат за Крштение

На 18 септември 2025 година, Патријаршискиот егзарх на Африка на Руската Православна Црква, митрополитот Каирски и Северноафрикански Константин, во придружба на претседателот на Мисионерскиот оддел на Патријаршискиот егзархат на Африка, свештеникот Георгиј Максимов, ја посети парохијата „Св. великомаченик Пантелејмон“ во главниот град на Кенија – Најроби, при која функционира основно училиште.

Архиерејот беше пречекан од парохјаните, наставниците и учениците на училиштето.

Во парохијата на светиот Пантелејмон, митрополит Константин ја изврши светата тајна Крштение над четириесет лица, возрасни и деца, кои претходно поминале катихетски курс. На Неговото Високопреосвештенство му сослужуваа архимандрит Сотириј (Матумби), свештеник Арсениј Читва, и локалното свештенство.

Митрополит Константин ги поздрави новокрстените со примањето на светата тајна Крштение, му подари на храмот напрестолен крст, а на верниците – крстчиња и иконки. Децата добија и слатки како подарок.

Областа Баринго, во Кенија, е периферен и сув регион каде семејствата живеат во сиромаштија и често пешачат по 15–30 милји за да присуствуваат на богослужби. Православното христијанство таму беше воведено дури неодамна, од мисионери на Руската Православна Црква. Иако некои веќе се крстени, околу 300 катихумени од оваа област во моментов се подготвуваат за светото Крштение.

Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/mitropolit-konstantin-krestil-sorok-chelovek-na-prihode-velikomuchenika-panteleimona-v-stolicze-kenii/