Светиот Синод на Православната Автокефална Црква на Албанија, на својата вонредна седница на 25 јануари 2025 година ја изрази својата најдлабока тага поради упокојувањето во Господа на блаженоупокоениот Архиепископ Тирански, на Драч и на цела Албанија, †Анастасиј – како што известува официјалната интернет страница на Црквата на Албанија – и ги донесе следниве одлуки:
1. Да го избере Високопреосвештениот Митрополит на Корча г. Јован за Местобљустител на Архиепископскиот трон.
2. Да прогласат денови на жалост во траење од пет дена, од 25 до 29 јануари 2025 година.
3. Да го пречека телото на блаженоупокоениот Архиепископ пред Соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана, во вторник, 28 јануари, во 16:00 часот, по што ќе биде изложено за народно поклонение во Соборниот храм преку целата ноќ до наредниот ден, среда, 29 јануари 2025 година.
4. Опелото да се одржи во четврток, 30 јануари, во 11:00 часот, по завршувањето на Божествената Литургија.
По завршувањето на седницата, Светиот Синод одржа помен и ги повика сите верници да се обединат во молитва за покој на душата на блаженоупокоениот Отец и Архипастир, кој 32 години беше Архиепископ, †Анастасиј.
Извор: https://dveri.bg/component/com_content/Itemid,100724/catid,19/id,73917/view,article/
