Митрополитот Лонгин против насилната мобилизација во Украина

Митрополитот на Банченската епархија на Украинска православна црква, Лонгин (Жар), соопшти дека службеници на воениот комисаријат на Украина, во доцните часови на 4 октомври годинава, принудно мобилизирале сираци од сиропиталиштето на Митрополитот Лонгин. Меѓу мобилизираните е негово штитеник кој по трет пат треба да стане татко, и е задржан во военото одделение. Митрополитот Лонгин се обратил и до Владимир Зеленски со барање за негово ослободување.

„Во Черновци службеници на военото одделение зедоа во автобус двајца сираци, кои имаат две мали деца – едното има две години, другото три, а жената на регрутот е во деветтиот месец од бременоста, и ги испраќаат во војна. Дали ова е Уставот на Украина?… Ова се луѓе кои не нè сакаат, тие сакаат да ја уништат нашата нација,“ изјави тој во обраќањето до Зеленски.

Митрополитот Лонгин има згрижено 508 деца-сираци, од кои десетмина претходно биле мобилизирани, а тројца веќе се вратиле со инвалидитет. Митрополитот смета дека постапките на службениците на военото одделение, кои мобилизирале таткото на две деца, се незаконски и нечовечни.

На митрополитот Лонгин во 2008 година Украинската држава му го додели признанието „херој на земјата“ затоа што посвоил 400 деца со посебни потреби. Вкупниот број деца за кои тој се грижи е повеќе од 500.

При насилната мобилизација, Митрополитот Лонгин застана пред возилата, не плашејќи се за своето нарушено здравје, и извикуваше: „Моите деца! Стрелајте! Убијте ме! Вратете ми ги децата, ве молам! Моите деца се сираци! Вратете ми ги!“

❗️"Отдайте, мне моих детей сирот!" Митрополит Лонгин❗️"Отдайте, мне моих детей сирот!" Митрополит Лонгин

Извор: https://ria.ru/20241005/ukraina-1976491420.html