Митрополитот на Митимна, Хризостом, од Црквата на Грција, на 12 октомври 2026 година ја поднесе својата оставка до Светиот синод. Деведесет и шестгодишниот митрополит, кој во тековниот синодски период е потпретседател на постојаниот (скратен) состав на Светиот синод, ја соопшти својата одлука пред членовите на Синодот, чиј потпретседател е од септември.
Оставката беше прифатена, а должноста местобљустител до изборот на нов митрополит на Митимна ќе ја преземе митрополитот Јаков Митилински.
Биографија
Митрополитот Хризостом е роден во Халкида на 27 мај 1930 година. Дипломирал на Богословскиот факултет при Националниот и Каподистрискиот универзитет во Атина.
Ракоположен е за ѓакон на 3 октомври 1954 година, а за свештеник на 23 април 1967 година. Во периодот од 1954 до 1984 година служел како ѓакон, парохиски свештеник и проповедник во митрополијата на Атика. Од 1974 до 1976 година бил и секретар на митрополијата.
Во периодот од 1976 до 1984 година служел во Светиот синод на Црквата на Грција како секретар на Синодската комисија за социјална грижа и добротворна дејност, како и архивар.
Во мај 1984 година, Светиот синод на Црквата на Грција го избрал за митрополит на Митимна.
Извор: https://orthodoxia.info/news/ektakto-paraitithike-o-mitropolitis-mithynis/
