Митрополитот на островот Крф со поддршка за Украинската православна црква

Митрополитот на Керкира (Крф) г. Нектариј, од Црквата на Грција, потсети на својот став во врска со црковната ситуација во Украина. Видеото од разговорот беше објавено на телеграм-каналот на Черкаската епархија на Украинската Православна Црква, на која претходно владиката ѝ испрати благослов од моштите на свети Спиридон Тримитунтски. 

„Јас отсекогаш сум бил и ќе бидам на страната на канонската Црква под водство на Неговото Блаженство, митрополитот Киевски и на цела Украина, Онуфриј. Јас ја сметам оваа Црква за канонска“ – нагласи Митрополитот Нектариј.

Тој изјави дека на островот Крф секогаш ги примаат свештенослужителите и верниците на УПЦ и дека со нив имаат евхаристиско општење.

„Другите, пак, дури и не се осмелуваат да дојдат, затоа што знаат дека не ја признавам Црквата на расколниците“ – ги пренесува зборовите на Митрополитот Нектариј Сојузот на православни журналисти.

Извор: https://spzh.eu/ru/news/85202-podderzhivaju-kanonicheskuju-upts-i-blazhennejsheho-onufrija-mitropolit-nektarij