На 3/17 септември 2024 г., Неговото Високопреосвештенство митрополитот Санктпетербуршки г. Варсануфиј ја посети Патријаршијата со група клирици и други луѓе од неговата Света Митрополија.
Него го прими Неговото Блаженство Ерусалимски патријарх г. Теофил, кој ја изрази својата радост од оваа посета, особено истакнувајќи дека, и покрај бурната политичка ситуација, „ние ги одржуваме нашите надежи, бидејќи сме Црква на Воскресението, Црква на Светиот гроб и Света Голгота и на другите свети места“.
Задржувајќи ја оваа надеж и радувајќи се на оваа посета во време кога нема поклоници, се молиме за митрополитот Павле, митрополитот Онуфриј, митрополитот Арсениј и за другите наши браќа кои се испитувани во Украина, за Неговото Блаженство Патријархот Московски и на сета Рус г.г. Кирил, особено спомнувајќи ја изреката од свети Јован Златоуст, дека „Црквата е брод“, таа е Телото Христово, „потресувано, но не потонато“.
Во оваа надеж, Ерусалимската патријаршија го прави секој напор за да го излечи нарушеното единство на Црквата и да го зачува нејзиното единство.
Одговарајќи, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Варсануфиј ја изрази својата радост заради посетата на Патријаршијата, мајката на Црквите, пренесувајќи ги братските поздрави од Неговото Блаженство Патријархот Московски и на сета Рус г.г. Кирил и неговата благодарност за напорите за обединување на Црквите и за неодамнешната изјава на Ерусалимската патријаршија во врска со актите на насилство врз Црквата на Украина.
Црквата на Ерусалим е искушувана, особено во манастирот „Св. Порфириј“, во Газа.
Неговото Блаженство му подари енколпија на Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Варсануфиј, а на свештениците и на неговите сопатници им подари сребрен крст и патријаршиски благослови и патријаршиска енколпија за Патријархот московски г.г. Кирил.
Од канцеларијата на Патријаршијата