Митрополитот Теодосиј го одлачи од Црквата градоначалникот на Черкаси

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Черкаски и Каневски г. Теодосиј од Украинската православна црква (УПЦ), зборувајќи за трагичните настани на „бандитското“, како што тој го нарече, преземање на храмот „Свети Архангел Михаил“ на УПЦ во Черкаси, му се обрати на градоначалникот на градот, Анатолиј Бондаренко. Видеото го објави прес-службата на Епархијата на Черкаси.

Нагласувајќи дека претходно Бондаренко се претставувал себеси како верник, владиката рече: „Морам да констатирам дека со вашите денешни постапки вие сами се отстранивте од Црквата. Како архијереј на Черкаси, јас констатирам – Вие сте отстранети од Црквата. Ова е голема трагедија… Се надевам дека ќе поживеете долг живот и ќе имате уште можност да ги поправите трагичните грешки што ги направивте.“

Претходно, градоначалникот на Черкаси беше избран за претседател на црковниот одбор на окупираниот храм на УПЦ.

Извор: https://spzh.live/ru/news/82666-mitropolit-feodosij-otluchil-mera-cherkass-ot-tserkvi