Митрополитот Волоколамски Антониј ја посети Етиопија

Од 3 до 5 јуни 2026 година, по благослов на Патријархот Московски и на сета Рус Кирил и по покана на Синодот на Етиопската Црква, се реализираше посета на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј, во Федералната Демократска Република Етиопија – известува интернет страницата на Одделот.

На 3 јуни, митрополитот Антониј се сретна со Патријархот на Етиопија Абуна Матфиј, како и со постојаните членови на Синодот – неговиот генерален секретар, архиепископот Рајаски Абуна Диоскорос, и управителот на работите на Етиопската Црква, архиепископот на Западен Шоа Абуна Севирос. Митрополитот Антониј го посети Патријаршискиот катедрален храм „Света Троица“, како и гробницата на членовите на семејството на последниот император Хајле Селасие I, која се наоѓа на неговата територија, гробовите на етиопските патријарси и новомачениците на Етиопската Црква, кои пострадале за верата во текот на изминатиот век.

Истиот ден се одржаа средби на владиката Антониј со претседателот на Федералната Демократска Република Етиопија, Таје Ацке-Селасие, и со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Етиопија, Е. Е. Терехин, како и разговор со претставници на етиопските медиуми.

На 4 јуни се одржаа преговори на со министерот за мир на Етиопија, Мохамед Идрис. Владиката ги посети болницата на Рускиот Црвен крст во Адис Абеба, именувана по националниот херој на Етиопија Деџазмач Балча, болницата на Етиопската Црква „Мигбаре Сенај“, како и етиопскиот женски манастир посветен на Пресвета Богородица Гетсиманска во Себета. Во Рускиот центар за наука и култура се одржа средба со сонародниците што живеат во Етиопија.

На 5 јуни, митрополитот Антониј ги посети гробиштата во Адис Абеба и отслужи помен на местото на погребението на руските сонародници – претставници на руската емиграција од крајот на XIX и првата половина на XX век.

Подоцна истиот ден, Во главната црковна високообразовна установа на Етиопија – Универзитетот „Света Троица“ – владиката се сретна со неговиот ректор, архиепископот на Јужен Омо Абуна Филипос, како и со професорите и студентите. Таму тој одржа средба и со членовите на Комисијата за дијалог меѓу Руската Православна Црква и Етиопската Црква.

Во програмата на посетата беа вклучени и посетата на комплексот на храмот на Пресвета Богородица на планината Ентото и резиденцијата на императорот Менелик II од крајот на XIX век, која се наоѓа во негова близина, а која му припаѓала на основачот на денешната престолнина на Етиопија.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/94363/