Митрополитот Волоколамски Антониј началствуваше на престолниот празник на московското Подворје на Православната Црква во Америка

На 7 декември 2025 година, на денот на споменот на светата великомаченичка Екатерина и престолниот празник на храмот „Св. Екатерина“ – московското Подворје на Православната Црква во Америка – празничната богослужба во овој храм ја отслужија претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија – митрополитот Волоколамски Антониј, претставникот на Патријархот Антиохиски и на целиот Исток при Патријархот Московски и на цела Русија – митрополитот Филипоополски Нифон, архиепископот Отавски и Канадски Иринеј од Православната Црква во Америка и викарниот епископ на Јужната епархија на Православната Црква во Америка – епископот Форт-Вортски Герасим.

Сослужуваа свештеници од Руската Православна Црква, Православната Црква во Америка и Православната Црква на Чешките земји и Словачка. Дел од молитвените текстови беа изговорени на англиски, грузиски и чешки јазик.

Пред почетокот на Литургијата митрополитот Антониј изврши осветување на иконостасот.

По Литургијата, епископот Форт-Вортски Герасим го прочита поздравното слово од Неговото Блаженството Митрополитот на цела Америка и Канада Тихон.

Во своето слово до архипастирите, настојателот, присутните свештенослужители и верниците, митрополитот Волоколамски Антониј на сите учесници во празнувањето им го пренесе благословот и добрите желби од Претстојателот на Руската Православна Црква.

Владиката Антониј, исто така, му заблагодари на протоереј Даниил Андрејук за неговите трудови во зацврстувањето на врските помеѓу Руската Православна Црква и Православната Црква во Америка.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/93822/