Митрополитот Волоколамски Антониј од Руската Православна Црква отслужи Божествена Литургија во Сеул

На 23 март 2025 година, во Крстопоклоната недела од Великиот пост, претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј, патријаршискиот егзарх на Југоисточна Азија, митрополитот Сингапурски и Југоисточноазиски Сергиј, и архиепископот Корејски Теофан отслужија Божествена Василиева Литургија во храмот „Воскресение Христово“ во Сеул. 

На архијереите им сослужуваа јеромонах Павел (Чхве), секретарот на претседателот на ОВЦС, свештеникот Николај Васин, јеромонах Јувеналиј (Марушчак) и јероѓакон Нектариј (Лим). 

Богослужбата беше отслужена на црковнословенски и корејски јазик. 

Меѓу верниците во храмот беше и амбасадорот на Руската Федерација во Република Кореја, Г. В. Зиновјев. 

По завршувањето на Литургијата, архиепископот Теофан со топли зборови ги поздрави митрополитот Антониј и митрополитот Сергиј, заблагодарувајќи им се за заедничката молитва. 

Во својот одговор, митрополитот Антониј им го пренесе на верниците благословот на Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, и одржа проповед. 

Како молитвен спомен за оваа богослужба, митрополитот Антониј им подари панагии на митрополитот Сергиј и на архиепископот Теофан, а на Воскресенскиот храм му подари престолен крст. 

Потоа, архијереите се сретнаа со верниците на заедничка трпеза со чај.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/93002/