Митрополитот Волоколамски Антониј отслужи Литургија во храмот „Св. Екатерина“ во Рим

На 27 април, претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј, кој по благослов на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил беше во службена посета на Италија и Ватикан, отслужи Божествена Литургија во храмот на светата великомаченица Екатерина во Рим.

На архијерејот му сослужуваа свештениците на храмот, а молитвено беше присутен и Митрополитот Платон (Удовенко), кој пристигна во Рим за да учествува на погребението на Папата Франциск.

По завршувањето на Литургијата, митрополитот Антониј ги поздрави парохјаните на храмот и им го пренесе благословот од Претстојателот на Руската Православна Црква. Архијерејот исто така ја изрази својата радост што повторно има можност да се моли во црквата, каде што во периодот 2011–2015 година ја вршел должноста настојател.

Истата вечер митрополитот Антониј замина за Москва. 

Извор: https://mospat.ru/ru/news/93153/