Делегација на Руската Патријаршија се сретна со поглаварот на Албанската Православна Црква

На 11 август 2025 година, со благослов на Неговата Светост, Патријархот Московски и на сета Рус Кирил, претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, Митрополитот Волоколамски Антониј, пристигна во работна посета на Албанија.

На 12 август Митрополитот Антониј се сретна со Блаженејшиот Архиепископ Тирански, на Драч и цела Албанија Јован во неговата официјална резиденција во Тирана.

На средбата учествуваа и советникот на Рускиот Патријар, протојереј Николај Балашов, како и заменик-претседателот на Одделот, протојереј Игор Јакимчук. Од страна на Албанската Православна Црква присуствуваа митрополитот Елбасански Антониј, митрополитот Аманатиски Натанаил и епископот Крујски Анастасиј.

Митрополитот Волоколамски Антониј му пренесе на Архиепископот Јован братски поздрав од Патријархот Кирил, и му честиташе за изборот и интронизацијата во март годинава на катедрата на Албанската Православна Црква. Во текот на разговорот, кој помина во топла и срдечна атмосфера, беа разгледани различни прашања од меѓуправославните и меѓународните односи, положбата на канонската Црква во Украина, перспективите за развој на соработката меѓу Руската и сестринската Албанската Црква, како и други теми од взаемен интерес.

По завршувањето на разговорот, Митрополитот Антониј и неговата придружба го посетија соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана и отслужија помен за блаженоупокоениот Архиепископ Анастасиј, погребан во криптата на овој храм.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/93459/