На 26 јули, во Апостолската палата во Ватикан се одржа средба на претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј со Римскиот папа Лав XIV.
Во текот на средбата, митрополитот Антониј му ги пренесе на папата поздравите од името на Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус Кирил и честитањата по повод неговиот избор за претстоител на Римокатоличката црква.
Папата Лав XIV изрази благодарност до Неговата Светост Патријархот Кирил за неговите добри желби и ја истакна важноста на развивањето на односите со Руската православна црква.
За време на разговорот беа покренати бројни прашања во врска со состојбата на православно-католичкиот дијалог, како и за конфликтите што се случуваат во светот, вклучително во Украина и на Блискиот Исток.
Митрополитот Антониј посебно го извести папата Лав XIV за прогонството на кое е подложена Украинската православна црква.
На крајот од средбата, тие разменија подароци.
