Митрополитот Волоколамски Антониј се сретна со свештеник од Техеран

На 17 април 2026 година, во Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија се одржа средба на претседателот на Одделот, митрополитот Волоколамски Антониј, со игуменот Варлаам (Дулски), клирик на храмот „Св. Никола“ во главниот град на Иран.

Во текот на разговорот, свештенослужителот го информираше митрополитот Антониј за животот на парохијата на Руската Православна Црква во Техеран во услови на бомбардирања, како и за тешкотиите со кои се соочува заедницата на храмот во сегашната тешка ситуација. Особено, игуменот Варлаам изнесе информации за состојбата на храмот „Св. Никола“ по настанот од 1 април, кога во близина на храмот паднале две балистички ракети. Беше истакнато дека, и покрај сите тешкотии, духовниот живот на парохијата продолжува; а во Пасхалната ноќ беше отслужено свечено богослужение.

Митрополитот Антониј му се заблагодари на игуменот Варлаам за верноста кон пастирската должност и за личната храброст покажана при извршувањето на послушанието во Техеран.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/94190/