Митрополитот Волоколамски Антониј служеше во катедралата Света Троица во Париз

На 8 септември 2024 година, во 11-та недела по Педесетница, претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, Митрополитот Волоколамски г. Антониј, кој, со благослов на Неговата Светост Патријарх Московски и на сета Рус г.г. Кирил, е во работна посета на Франција, отслужи Божествена Литургија во храмот Животворна Троица во Париз, како што пренесува веб-страницата на Корсунската епархија.

На Неговото Високопреосвештенство му сослужуваа: секретарот на Корсунската епархиска управа, свештеникот Максим Политов, соработник на секретаријатот на управата на Московската патријаршија, свештеникот Евгениј Морозов и свештенството на храмот.

Литургијата се служеше на црковнословенски и француски јазик.

На крајот од Литургијата, митрополитот Антониј одржа беседа на темата на евангелското зачало што се читаше за време на богослужбата. Тој на присутните во црквата им го пренесе благословот и добрите желби на Неговата Светост Патријархот Кирил, изрази благодарност до Митрополитот Корсунски и Западноевропски Нестор за поканата да се отслужи Литургијата, а исто така срдечно го поздрави свештенството и паството на епархијата, потсетувајќи на годините на заедничка работа во корист на Црквата Христова за време на неговиот престој во Корсунската катедра .

Во име на свештенството на епархијата, свештеникот Максим Политов му се заблагодари на почитуваниот гостин за посетата на храмот на Светата Троица, а воедно ја потсети црковната општина дека митрополитот Антониј речиси 15 години беше тесно поврзан со животот и активностите на Корсунската епархија и беше активно вклучен во создавањето на духовен и културен центар и на православниот храм на кејот Бранли, во Париз.

Извор: https://cerkov-ru.com/kafedralnyj-sobor-v-chest-presvyatoj-troitsy-v-parizhe/-1819/