Митрополитот Волоколамски Антониј во посета на Сингапур

На 23 март 2026 година, по благослов на Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус Кирил, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј, пристигна во Сингапур. На меѓународниот аеродром Чанги го пречекаа Патријаршискиот егзарх на Југоисточна Азија на Руската Црква, митрополитот Сингапурски и на Југоисточна Азија Сергиј, викарот на Сингапурската епархија, епископот Џакартски Питирим, и амбасадорот на Русија во Сингапур, С. П. Ганжа.

Истиот ден митрополитот Антониј го посети храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица, каде што разговараше со свештенството и со верниците. Владиката се запозна со историјата на парохијата на Руската православна црква во Сингапур и со современиот живот на локалната парохиска заедница.

Потоа, во рамките на работна средба, митрополитот Антониј и Патријаршискиот егзарх разговараа за различни прашања поврзани со присуството на Руската православна црква во Азија.

Следниот ден, на крајот од својата посета на Сингапур, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски го посети местото на изградба на Рускиот културен центар и катедралниот храм на Патријаршискиот егзархат на Југоисточна Азија.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/94117/