Молебен за мир на либанската земја во подворјето на Руската Православна Црква во Либан

На 5 март 2026 година во храмот „Благовештение на Пресвета Богородица“ во Жал ел Диб (Либан) беше отслужен молебен за мир на либанската земја. Богослужбата ја изврши претставникот на Патријархот Московски и на сета Руса при Антиохискиот патријаршиски престол, архимандрит Филип (Василцев).

Во храмот се молеа парохијаните на подворјето на Руската Православна Црква во Либан, соопштува веб-страницата на подворјето.

По отпустот на молебенот, архимандрит Филип одржа проповед и им го пренесе на парохијаните на подворјето благословот и зборовите на поддршка од митрополитот Волоколамски Антониј, претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија.

Извор: https://podvorie-beyrouth.com/novosti/1318-moleben-o-mire-na-livanskoj-zemle