Во акатистната сабота, на 28 / 15 март 2026 година, во светогорскиот манастир Ватопед беше отслужен молебен за запирање на земјотресите кои пред неколку дена ја погодија Света Гора и поширокиот регион, како и за нивно спречување.
По завршувањето на Евхаристиското собрание, игуменот старец Ефрем, заедно со монасите од манастирот и поклониците, извршија света литија со светите мошти и со Богородичниот појас околу главниот храм на манастирот, и упатија молитва за избавување од страшната закана од земјотреси.
