Православното здружение „Св. Јован Претеча“, непрофитна организација „за живот“, редовно одржува молитвени бденија пред центри за абортус во Њујорк, барем еднаш месечно. Неговото Високопреосвештенство архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка има централна улога во овие напори. Тој беше првиот архијереј кој ги предводеше овие молебни и продолжува често да служи.
На 13 септември годинава, о. Вилијам Бенет, свештеник на Американската Карпато-руска православна епархија, водеше молитвена служба пред центарот на „Планирано родителство“ во Квинс, Њујорк.
Два месеци претходно, на 5 јули, самиот Архиепископот Михаил служеше молебен на истата локација, за време на кој еден млад човек се обиде да ги прекине молитвите. Човекот си замина дури кога пристигна полицијата. Владиката Михаил остана присебен за време на целиот инцидент, давајќи пример за молитвена собранoст. Во својата проповед потоа, тој се осврна на своето присуство на неодамнешното прославување на канонизацијата на света Олга од Алјаска, истакнувајќи го нејзиното сведоштво за животот.
Претходно, по молитвите пред центарот на „Планирано Родителство“ во Менхетен, тој центар беше затворен, а имотот ставен на продажба. Оваа локација беше една од најголемите во мрежата. Православните христијани со години таму се молеа и многумина го гледаат затворањето како одговор на тие молитви.
И друг центар за абортус во Бронкс беше затворен наскоро откако православен свештеник предводеше православно молитвено бдение таму.
Кон овие молитвени напори се приклучуваат и други свештеници, освен од Православната Црква во Америка и Американската Карпато-руска православна епархија и од Руската задгранична Православна Црква.

