По одлука на Светиот Синод на Бугарската православна црква, на 17 ноември, по завршувањето на света Литургија, во храмовите и манастирите на Бугарската Патријаршија се одржани заупокоени молитви во спомен на сите загинати учесници во сообраќајот.
Одлуката на Светиот Синод е во врска со поднесеното барање од министерот за внатрешни работи Атанас Илков, со цел да се почитуваат жртвите на патиштата. Иницијативата е по повод 17 ноември – Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи.
На 16 ноември, Ловчанскиот митрополит Гавриил, архимандритот Викентиј (Митев) и ѓаконот Андроник Попов одржаа заупокоени молитви за загинатите на патот Софија-Варна. Владиката пороси со света вода три критични точки каде што се случуваат голем број сообраќајни несреќи: деловите кај селата Микре, Голец и Бугларене.
Извор: https://dveri.bg/component/com_content/Itemid,100723/catid,14/id,73760/view,article/