Средба на монаштвото на Полската Православна Црква

Со благослов на Неговото Митрополитот Варшавски и на цела Полска г.г. Сава, на 2 септември 2025 година, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ во Турковице, Полска се одржа годишната средба на монасите и монахињите на Полската Православна Црква.

Конференцијата започна со Света Литургија, за време на која присутните се молеа за Божји благослов за овогодинешната средба. Особено беа вознесени молитви за поглаварот на Полската Црква, кој поради здравствената состојба не можеше да присуствува. Со Светата Литургија началствуваше архимандритот Серафим (Матвејчук), а присутни беа: Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Лублински и Хелмски Авел, Архиепископот Белски Григориј, Епископот Хајновски Павле и Епископот Раховски Марко од Украинската Православна Црква.

По завршувањето на Литургијата, на присутните им се обрати Архиепископот Григориј, кој го пренесе благословот на Митрополитот Сава и го истакна неговиот огромен придонес за развојот на монашкиот живот во Полска. Архиепископот Григориј ги поздрави претставниците на манастирите, подвлекувајќи ја важната улога на заедничките конференции. Тој зборуваше за големото значење на единството, кое денес недостига не само во светот, туку понекогаш и во монашките заедници.

На почетокот учесниците ги поздрави и надлежниот архиереј на Лублинско-Хелмската епархија, Архиепископот Авел, кој му посака добредојде на Епископот Марко, потсетувајќи на заедничките светители: св. Алексеј (Кабалук) и св. Максим Горлички. Тој му врачи на гостинoт панагија со ликот на Лесњанската икона на Богородица.

Зборот потоа го презеде Архиепископот Григориј, кој го прочита писмото на Митрополитот Сава упатено до учесниците на годинешната средба.

На почетокот Архиепископот Григориј се осврна на темата на конференцијата: „Влијанието на монашкиот живот врз деструктивните појави на современиот свет“. Потсетувајќи на зборовите на св. Софрониј (Сахаров), кој го споредуваше создавањето манастир со палење на сурово дрво, тој укажа на низа тешкотии и искушенија што можат да се совладаат само со Христос. „Секој христијанин е семоќен“, нагласи, цитирајќи го св. Јустин Поповиќ.

Првото предавање го одржа Епископот Марко. Тој ја изрази радоста од заедничката средба, благодарноста до Митрополитот Сава и до епископите на Полската Православна Црква за поддршката и јасниот став во однос на Украинската Православна Црква. Неговата тема беше: „Ставот на монаштвото кон проблемите на современоста“.

Второто предавање, на архимандритот Герман (Трофимиук), беше на тема „Институцијата на духовниот отец и улогата на духовникот во манастирите“ и претставуваше надополнување на претходното. Епископот Марко говореше за падот и раните на современиот свет, а архимандритот Герман се обиде да покаже како да се биде вистински и здрав монах – ризница на автентични христијански вредности.

Третото излагање го имаше јероѓаконот Јежи (Гундлах) од манастирот на св. Онуфриј во Јаблочна, кој говореше на тема: „Блажен е оној чиј пат е непорочен, кој оди според Законот Господов (Пс. 118, 1). Патиштата на богопознанието во монаштвото“.

Последното предавање – „Монаштвото и науката. Институцијата на ученото монаштво“ – подготвено од игуменот Пантелејмон (Карчевски), го прочита монахињата Еуфалија од манастирот во Турковице.

Во заклучок, Архиепископот Григориј повторно се наврати на темата на конференцијата, истакнувајќи дека современиот развој на цивилизацијата и технологијата (телефони, интернет) е достапен и за монасите, и може да биде корисен, но претставува и искушение.

На крајот, Епископот Марко зборуваше за состојбата во Украинската Православна Црква и сподели со присутните современи, примери на обраќања и пустинички живот во својата епархија.

Извор: https://www.orthodox.pl/spotkanie-mniszek-i-mnichow-w-turkowicach/