Моштите на Св. Рафаил Бруклински изложени за поклонение

Моштите на големиот светител на Америка, светиот владика Рафаил Бруклински, се изложени за поклонение.

Свети Рафаил (+1915) е првиот православен епископ ракоположен во Америка, каде што верно служеше во мисијата на Руската православна црква (под архијерејското раководство Свети Тихон, кој подоцна беше избран за Московски Патријарх) заедно со голем број други светители.

Од 1988 година, неговите посмртни останки беа положени во Антиохиското село во Боливар, Пенсилванија. Тој беше прославен од Православната црква во Америка во 2000 година.

На 18 јули годинава, неговите мошти беа извадени и беше најавено дека овој датумот во иднина ќе се празнува како ден на пренос на моштите, изјави о. Андреј Демик.

„Овде има стотици луѓе, кои се собраа со љубов и почит, бидејќи многу свештеници работат на откопувањето, внимателно изнесувајќи го секое парче од моштите. Тоа е неверојатен, историски, благословен, мистичен момент“, вели о. Андреј.

Професорот по византиско црковно пеење Георгиј Заин објави кратко видео од историскиот ден:

***

Свети Рафаил е роден во Бејрут во 1860 година. Се школувал во Патријаршиската школа во Дамаск, водечката православна институција во Левантот, а потоа во Патријаршиската богословија во Халки, и конечно во Теолошката академија во Киев. Подоцна служел како ректор на антиохиската црква во Москва и предавал на Теолошката академија во Казан.

Во 1895 година бил испратен во Њујорк од страна на царот Николај II, а во 1904 година станал првиот православен епископ што ракоположен во Северна Америка. На неговото ракополагање го чиноначалствуваше светиот Тихон, тогашниот поглавар на Црквата во Америка.

Светиот Рафаил беше канонизиран во 2000 година од страна на Православната Црква во Америка, со учество на Архијереи на Антиохиската Архиепископија, Грчката Архиепископија на Америка и на Полската православна црква.

Извор: https://orthochristian.com/161794.html