Моштите на свети Лука Симферополски донесени за поклонение во градот Пиреја, Грција

Свети Лука, епископот-лекар од Симферопол, на 11 јуни попладнето го донесе својот благослов во градот Пиреја, каде што беше одржана литија со неговите свети мошти.

На денот на празнувањето на свети Лука Симферополски, по свечената празнична Вечерна богослужба во чест на светителот, која истовремено беше и Вечерна служба на одданието на празникот Пасха, во митрополитскиот храм „Свети Константин и Елена“, во градот Пиреја, недалеку од Атина, во Грција, беа испеани статиите на светиот Лука-лекар, по што следеше литија со иконата „Достојно ест“ и со светите мошти на овој светител и исцелител.

Протосингелот на Фокидската митрополија, Архимандритот Нектариј Мулациотис, ја предводеше литијата, придружуван од настојателите на светиот храм, додека службата ја водеше старешината на храмот, Протопрезвитерот Јоанис Панајоту.

По завршувањето на светата литија, следеше благословување на петолебие и кратка беседа на отец Нектариј Мулациотис, додека поглаварот на храмот изрази благодарност за почестите што беа искажани кон Богородичната икона „Достојно ест“ и кон светиот Лука Симферооплски.

Светите мошти на свети Лука Симферополски ќе останат за поклонение во храмот „Свети Константин и Елена“, во Пиреја до четврток, 13 јуни 2024 година.

Извор: https://www.romfea.gr/diafora/63801-o-agios-loukas-o-iatros-evlogise-tin-poli-tou-peiraia